Реформи на правосудството е еден од доминантите сектори во Планот 18, чија драфт верзија денеска пред невладиниот сектор ја презентираше вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Планот 18 и натаму ќе се фокусира на основните столбови на 3-6-9, каде освен правосудството се и реформите во јавната администрација и безбедносните служби, но ќе биде насочен и на борбата против корупцијата и организиран криминал, улогата на медумите, слободата на говор, улогата на граѓанското општество, борбата против нелегалната миграција.
Планот денеска Османи ќе и го презентира и на опозицијата, која, како, што кажа треба да биде вклучена во овие реформски процеси.
– Денеска имам состанок и со опозицијата, ќе им го презентирам Планот и ќе се обидеме да ги вклучиме во процесот, бидејќи овој проект на ЕУ не е ниту партиски, ниту владин, тоа е генерациска обврска, дадена од граѓаните на Република Македонија, независно од етничката или партиската припадност – нагласи вицепремиерот.