Како и пред три часа така и сега, излезеноста во општина Македонски Брод е најголема на целата територија на земјава, додека во општина Пласница ниската излезност продолжува и понатаму, иако бројките се двојно повисоки споредено со првиот пресек, кога излезеноста изнесуваше нешто над шест отсто.
– И понатаму нашата општина бележи рекордна излезност на граѓаните, така до 13 часот на гласање излегоа 1.748 граѓани или 34,61 отсто. Очекуваме овој тренд да продолжи до затворањето на избирачките места во 21 часот. И денес граѓаните на Македонски Брод покажуваат висока граѓанска свест, бидејќи на сите досегашни избори, од секаков вид, нашата општина по својата излезеност е меѓу водечките во земјава -и стакна Ирена Мишкоска од ОИК за Македонски Брод.
Во Пласница до 13 часот гласале 641 граѓанин или 12.70 отсто.