Кандидатот за претседател Блерим Река заедно со сопругата го оствари своето право на глас во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел.
-Со вакво убаво време, мислам дека и расположението на граѓаните е такво. И се надевам дека со оваа ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе докажеме дека имаме институционален, административен и политички капацитет државата да ни оди кон евро-атланските интеграции- изјави Река.
Река ги повика сите граѓани масовно да излезат за да го искористат нивното уставно и законско право и да гласаат, како што рече, за оној за кој тие мислат дека е најпогоден.