Не ни требаат посредници. Никој не ја знае нашата историја подобро од нас, ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во посета на Италија, а по повод предлогот на европските историчари да се приклучат во работата на Мешовитата историска комисија за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
– Ова му го кажав многупати на претседателот Пендаровски. Тоа зависи од нас – од искрен и конструктивен дијалог со Софија, заснован на историски аргументи. Комисијата ќе работи за историјата, а најважно за нас е да ги преземеме потребните чекори на високо политичко ниво.
Овие чекори не поминуваат во другите европски метрополи и оттаму за да се изврши притисок врз Бугарија – во ниеден случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш сите проблеми ќе бидат решени. Ние мора да бараме одржливо решение – изјави Радев пред новинарите.