Можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес биле тема на вчерашниот разговор помеѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
– Заеднички била констатирана потребата од унапредување на економските односи меѓу двете држави со оглед на фактот дека Руската Федерација е значаен економски и трговски партнер на Република Северна Македонија. На средбата беа споделени информации за актуелните случувања во двете држави и регионот – се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на државата Пендаровски.