Караванот „Најдоброто за мојата општина“ на владејачкиот СДСМ, утре ги почнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори.
Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар.
Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје, соопшти СДСМ.
Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.
СДСМ најави дека со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.
– Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, победник на овие локални избори, затоа што граѓаните ќе дадат поддршка за концептот што води напред и е гарант за да продолжи развојот на општините – велат од СДСМ.