Фото: Игор Бансколиев

Aмандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик, кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи треба да почне седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците која е закажана за денеска во Собранието.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа илјадници амандмани за двата предлог-закона на помалите партии – за една изборна единици и за отворени листи, така што не се очекува расправата да заврши пред распуштањето на Собрнието на 11 февруари, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Согласно собранискиот Деловник, расправата на членовите на Комисијата не може да се ограничи, со оглед на тоа што станува збор за предлог-закони што не се со европско знаменце.

Пратеничката група на ДУИ ги образложува поднесените амандмани со забелешката дека процесот за измени на Изборниот законик се води еднонасочно и оти измените пред изборите би биле опасен преседан со кој би се соочила политичката сцена во земјава. И ВМРО-ДПМНЕ смета дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

СДСМ, пак, поддржува измени со кои се предвидуваат една изборна единица и отворени листи, оценувајќи го поднесувањето на големиот број амандмани како обид за блокирање на процесот.


Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред пратениците

Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати пред пратениците во Собранието, денеска во 12 часот. Ова ќе биде прво годишно обраќање на Пендаровски во Собранието од стапувањето на должност во мај годинава.