Со 61 глас „за“, без против и воздржани, Собранието ја изгласа одлуката за продолжување на кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година.
Кризната состојба е на сила од минатиот месец и ќе продолжи и во следните шест месеци, со одлука на Владата поради состојбата со коронавирусот.
Пратениците со 61 гласа „за”, без ниту еден глас против и без воздржани констатираа и дека Предлог-законот за попис на населението во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање.
Опозицијата не беше присутна во салата за време на гласањата.
Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.