По пи­шу­ва­ње­то на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ и за­бе­ле­шки­те во јав­но­ста зо­што на де­нот на пот­пи­шу­ва­ње­то на Про­то­ко­лот за членс­тво на Ма­ке­до­ни­ја во НАТО во Бри­сел, на официјалниот сајт на Али­јан­са­та изо­ста­на име­то на др­жа­ва­та, а ма­ке­дон­ски­от ја­зик бе­ше прет­ста­вен со зна­мен­це на­ме­сто со на­пи­ша­но со бу­кви, пре­ми­е­рот Зо­ран За­ев вче­ра из­ја­ви де­ка Вла­да­та ис­пра­ти­ла до­пис до Бри­сел со кој се ба­ра ко­рек­ци­ја на делот на ко­ри­сте­ње на тер­ми­нот „ма­ке­дон­ски ја­зик“ на веб-стра­ни­ца­та на НАТО.

– Ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции ги приз­на­ва­ат ма­ке­дон­ски­от ја­зик и иден­ти­тет и ве­ру­вам де­ка со до­пи­сот што го ис­пра­тив­ме ќе ко­ри­ги­ра­ат. Не­ко­гаш се слу­чу­ва­ат гре­шки, веројат­но и во де­лот на фор­му­ла­ци­ја­та, не­кој­пат за си­те е но­ви­на, па и за меѓународна­та за­ед­ни­ца исто та­ка е но­ви­на се­то тоа што се слу­чу­ва во де­лот на Север­на Ма­ке­до­ни­ја – но­во­то име на на­ша­та зем­ја, што се на­де­вам ќе би­де и во функци­ја по гла­са­ње­то во грч­ки­от пар­ла­мент. За­тоа што са­мо­то ко­ри­сте­ње и на но­во­то име кај нас, раз­лич­но од иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња ка­ко Ма­ке­дон­ци, кои збо­ру­ва­ме маке­дон­ски ја­зик, а ќе бидеме од Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, тре­ба јас­но да се раз­гра­ни­чи. По­сто­јат ве­ќе формулира­ни, го­то­ви про­то­ко­ли ка­де што тоа им се об­јас­ну­ва и на си­те ме­ѓу­на­род­ни ор­га­ни­за­ции – ре­че За­ев.

Д.Ср.