Комисиската расправа за законот за jавно обвинителство треба да почне во 10 часот, откако синоќа заврши пленарната седница на која се изгласа потребата Законот за jавно обвинителство и законот за Совет на јавни обвиниели да се носат по скратена постапка.
Законите сега се враќаат на пленарна седница, каде 80 пратеници треба да дадат зелено светло за законските решенија кои во неделата вечерта Владата ги достави во Собранието. Претходно тие поради технички грешки беа вратени во Владата и повторно доставени.
Собранието само што почна да расправа, ја затвори седницата кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека Владата ги повлекла законите за jавното обвинителство и за Советот за јавните обвинители. Дописот до Собранието стигнал на неколку минути пред почетокот на седницата.