Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ попладнево пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која е и крајна дестинација.
На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка“, „мафија и „мафија на робоија“, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.