Владина делегација, претставници на граѓански организации и политички партии и семејствата на загинатите вчера оддадоа почит пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.
„Главниот град на државата по земјотресот стана симбол на солидарноста во светот. Во процесот на обновата на Скопје, точно 87 нации од светот испратиле помош со која придонеле тој да се изгради повторно, а поради тоа градот го носи и епитетот град на солидарноста“, се наведува во соопштението на Владата.
Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, делегации од Собранието и од Канцеларијата на претседателот на државата, претставници на армијата, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во нашата земја и семејствата на жртвите.