Анализа на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“
Оставката на Зоран Заев е лоша вест за Брисел, анализира германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), истакнувајќи дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада.
– Поразот на Заев може да важи и за пораз на ЕУ и на нејзината досегашна политика на проширување на Балканот – пишува германскиот весник.
ФАЦ проценува дека се можни три сценарија – актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер, да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата или предвремени избори.
– Сигурно е само тоа дека обидот на Зоран Заев, да ја усогласи целата политика со ЕУ во надеж дека ќе добие барем почеток на преговори, не успеа – заклучува ФАЦ.