Германскиот министер за Европа, Михаил Рот, преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.
– Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.
Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија – рече Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија,Германија.