Поради немање на кворум во собраниската сала, потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели ја прекина седницата на која требаше да се гласа за доверба на Владата.
Зендели констатираше дека во салата се присутни 58 пратеници, и двајца се присутни во специјални одела поради ковид-протоколот бидејќи се позитивни на коронавирус и поради тоа соопшти дека оваа седница пратениците ќе ја продолжат во текот на денот, без да прецизира кога точно.
Ако не се изгласа до полноќ недоверба, седницата за доверба на владата завршува, владата на Зоран Заев останува, а за следно гласање за доверба на владата треба да поминат 90 дена.