Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува на приближавањато на НАТО и неговата инфраструктуре кон нашите граници, познат е ставот на Москва за тој процес, и во тој поглед ништо не е променето – одговори Песков на новнарско прашање за ставот на Кремљ за приклучувањето на Македонија во НАТО.