Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе го има традиционалното годишно обраќање пред пратениците на Собранието. Ова ќе биде второ обраќање за претседателот по заземањето на функцијата, а прво пред новиот парламентарен состав.
Претсетателот најмалку еднаш годишно го известува Собранието за прашања од негова надлежност, според член 85 од Уставот. Собранието исто така може да побара од претседателот и мислење за прашања од неговата надлежност.