Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре е планирано да има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон.
Тој најави дека пред Макрон ќе ја повтори позицијата дека евроинтеграцијата на Македонија нема алтернатива и оти земјата е подготвена да продолжи по тој пат, независно дали тоа ќе биде според досегашната или по новата методологија што ја заговара Франција.
Шефот на државата очекува во наредниот период да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè Франција, која беше против почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Пендаровски, покрај средбата со Макрон, утре ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.