Претседателот Стево Пендаровски нагласи дека почеток на преговорите за ЕУ до крајот на годинава претставува план Б за Македонија во, интервју за интернет-изданието на „Шпигел“, непосредно пред неговата посета на Германија.
– Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја – изјави Пендаровски за „Шпигел“.
Германскиот магазин пишува дека Бундестагот ја одложи расправата и гласањето за ова прашање поради „технички пролонгирања“, но оти е несомнено за германската влада дека Македонија ќе почне пристапни преговори во текот на годинава.