Македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија, информираат од претседателскиот кабинет.
– Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија – се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека претседателите разговарале за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.