Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението.
Од кабинетот на Пендаровски информираат дека указот бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.