Претседателот Стево Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.
Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.
Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во Националниот совет за безбедност.
Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.
Муслиу доаѓа на местото на Зоран Иванов, кој во март 2017 година, со одлука на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана директор на Агенцијата.