Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
– Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес – соопштија од неговиот кабинет.
Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.
Пратениците пред една недела со апсолутен консензус изгласаа поврат на средствата од 3,5 милиони евра за политичките партии што Владата со уредба на 19 јуни ги запре поради вонредната состојба.