Во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер Агим Нухиу ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Оливер Спасовски.
Министерот Спасовски му се заблагодари на Нухиу за неговиот досегашен ангажман во министерството и најави продолжување на реформите кои почнаа во неговиоот претходен мандат како министер за внатрешни работи, како и продолжување на опремувањето на полицијата, се со цел подобрување на работењето на полицијата во служба на граѓаните.