Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание.
Повод е Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и дадената чиста препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Во текот на вчерашниот ден Могерини се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев со кого имаше и заедничка прес-конференција на која истакна дека безусловната препорака за Македонија е заслужена и е признание од членките на ЕУ за сработеното.