Норвешка го ратификуваше протоколот за нашето пристапување во НАТО.
Веста за ратификацијата ја споедли министерот за надворешни работи, Никола Димитров на неговиот профил на „Фејсбук“.
-Имаме уште помалку од половина земји членки. Со мерак ќе ја пречекам колешката во Скопје месецов- напиша Димитров.
Денеска германскиот парламент расправа за ратификација на протоколот. Дебатата околу македонското приклучување во НАТО би требало да трае околу еден час.