Собранието со 64 гласа „за“ и 18 „против“ ја избра Нина Ангеловска, сопственичката на „Групер“, за нова министерка за финансии. По неа за министер без ресор и задолжен за подобрување на инвестициската клима беше избран Хисен Џамаили со 61 глас „за“ и 21 глас „против“.
Кире Колемишевски е предложен за заменик-министер за економија, додека заменик-министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска.
Заменик-министер на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде Неџат Мехмедовиќ.