Франција покренала неофицијални дипломатски консултации на одредени земји од Западен Балкан, наместо полноправно членство, да им понуди привилегирано специјално партнерство, тврди српскиот весник „Независне“.
Според овој предлог, како што се наведува, на земјите од Западен Балкан би им биле понудени финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за повлекување од полноправното членство.
Како што пренесе „Независне“, Франција се наоѓа под притисок на европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија почеток на преговорите, а останатите проблеми да се решаваат за време на преговорите.
Затоа изборите во Македонија се закажани во април, за да се види дали ЕУ во март ќе одобри отворање на претпристапниот процес, пишува „Независне“.