Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието со која се бара сите пратеници доброволно да направат тест за употреба на наркотични средства.
– Бараме Собранието во понеделник да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе – велат од Независната пратеничка група.
Воедно, предлагаат и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници да се приклучат за да им дадат добар пример на граѓаните во борбата против (зло)употребата на наркотични средства.
– Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани – велат од Независната пратеничка група.