Независната листа „Поинаку” во рекордно време ги собра потребните 350 потписи за идниот Совет на Битола. Листата, чиј носител е поранешната советничка во Советот на
Битола, Габриела Илиевска носи назив „Група избирачи-за членови на Совет на Општина Битола-Габриела Илиевска”.
– Нема поубаво чувство од тоа кога ќе останеш свој на своето! Ветив дека ќе останам поинаква, и тоа свето ветување го остварив. Ќе биде поинаку! – напиша Габриела Илиевска на официјалната страница на „Поинаку “
Брзото собирање на потребните потписи од „Поинаку“ го одбележаа на несекојдневен начин, сликајќи се кај неизградениот затворен базен кај ОУ „Даме Груев“ како се релаксираат по „напорното“ собирање на потписите.
Инаку, оваа листа на претстојните локални избори верува дека ќе освои неколку советници. М.М.