Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во светот е во тек вистински лов на теоретичарите на заговор во врска со појавата на ковид-19. На „отстрел“ се сите оние што истражуваат или поставуваат излишни прашања поврзани со изјавите и ставовите на СЗО и на владите на одредени држави или, пак, изразуваат различни ставови. Твитер ги брише несоодветните профили, а Фејсбук и сите други платформи елиминираат содржини објавени од „жигосани“ поединци и групи. Таквиот прогон на теоретичарите на заговор за настанувањето и целите на корона-кризата ги поттикнува сомнежите дека нешто се крие од јавноста, рушејќи го притоа авторитетот на државните институции и меѓународните организации, пред сѐ, на СЗО.

Дали коронавирусот е резултат на лаборатории или природно еволуирал (3)

По истата логика на толкувањето на историјата во кое нема никакви заговори, престолонаследникот Фердинанд, веројатно, „случајно“ налетал на Гаврило Принцип и друштвото во Сараево, кои исто така „случајно“ со себе носеле пиштоли и бомби, добиени од српските разузнавачки служби. На пиштолите – чудо едно – не беа отстранети ни сериските броеви, па белгискиот производител „ФН Херстал“ со едноставна проверка утврди дека биле купени од страна на Србија. Очигледно е дека организаторите сакале веднаш да се дознае кој стои зад атентатот. Во тогашна Србија, преполна со оружје преостанато од Балканските војни, српската служба ги снабдува атентаторите со нови пиштоли од познат производител?! Ако сакале, Србите едноставно можеле да искористат некои турски „маузери“ од арсеналот на воениот плен. Приказната за случајност и спонтаност едноставно „не држи вода“. Сите големи настани што имаат пресудно значење во историјата, по одредено време излегуваат на површина како организирани заговори.
Масовната стигматизација на логичкото расудување за причината на настаните и нивната меѓусебна поврзаност, во суштина е голем заговор против јавноста, целото општество и поединците. За да може лесно да се спроведе, фокусот се става на некои навистина бизарни и за политичките натпревари неважни толкувања на настаните, какви што се приказните за луѓето гуштери и слично, на кои потоа се надоврзуваат сите други распрашувања во однос на официјалната вистина и на крајот, се става сѐ заедно во една иста кошница наречена „теории на заговор“. На тој начин, со користење и поттикнување на навистина налудничави теории во јавноста, се компромитира и секое сериозно поврзување на политичките актери со ефектите од нивните постапки.
Со помош на манипулациите се обидуваат да сведат сѐ во еден заеднички именител – приказни за луѓе гуштери, илуминати и слично – прогласувајќи ја темата за теорија на заговор.

Бегалска криза

Покрај прикривањето на ефектите од сопствените активности и обвинувањата за теории на заговор, владејачките елити користат уште еден силен инструмент – заборавеноста на јавноста. Стратегијата на заборавеност има иста цел како и теоријата на заговор: прикривање на причинско-последичните врски помеѓу дејствата на политичката елита и настаните што ја вознемируваат јавноста. Инструментите теорија на заговор и стратегија на заборав се користат секогаш кога политичката елита сака да ја прикрие фактичката поврзаност помеѓу нејзините одлуки и настаните или процесите, кои таа не сака да ги прикаже како свое дело. Таков е случајот со т.н. бегалска криза и војните на Блискиот Исток, каде што има обиди за прикривање на директната вмешаност и одговорноста на европските политички елити – се разбира, со користење на хибридната методологија на теории на заговор и стратегија на заборав, пишува авторот на анализата во „Геополитика њуз“.

Американската политика е помалку склона кон лицемерно прикривање на ефектите од нејзините постапки, но европската политика стана вистински специјалист на ова поле. Стратегијата на заборав го пасивизира јавното мислење, па, така, заради избегнувањето да се спомнат одредени настани и политички одлуки, тие набргу паѓаат во заборав. Стратегијата, пак, на обвиненија за теории на заговор се користи активно додека настаните уште траат или во случаите кога стратегијата на заборав не ги дала очекуваните резултати. Комбинацијата од активно и пасивно кинење на врската помеѓу спорните политички одлуки и нивните последици, ефикасно ја „обликува“ свеста на граѓаните и обезбедува идно непречено и неодговорно наметнување на неуспешни политики.

Таквото дејствување, на пример, успешно ги натера повеќето европски граѓани да не ја сметаат политиката на Ангела Меркел (и на најмоќните европски држави) одговорна за бегалската криза и за нејзините трагични последици.
Никој не бара одговорност ниту од челниците на водечките индустриски комплекси, кои заедно со политичарите ги повикуваа бегалците и бараа од политичките структури да увезуваат нова работна сила. Целосно е јасно дека без организациска, финансиска и разузнавачка поддршка од европските држави, ниту еден емигрант не би успеал да мрдне од својата матична држава. Но, ете, истите оние што ја организираа масовната миграција кон Европа, сега ја предводат борбата против неа, а целиот проблем се третира како своевидна елементарна непогода и вина на нефункционалните држави од каде што пристигнуваат емигрантите.

Признавање на грешката

Можеби за политичките елити – особено оние од Европа – би било политички поисплатливо понекогаш да се признае грешката, наместо сѐ да се толкува како случајност и неконтролиран настан. Оваа методологија веќе стана проѕирна, особено по масовното користење во случајот со пандемијата на ковид-19. Толкавото ангажирање за идентификација на теориите на заговор и дезинформации предизвикува сомнеж дека некој навистина крие нешто големо, затоа што теориите на заговор не постојат тогаш кога политиката и нејзините одлуки се јасни, прецизно дефинирани, транспарентни и вистинити.

Се разбира дека случајноста и спонтаноста играат некаква улога во историјата, но нивното влијание е маргинализирано, додека развојот на настаните, сепак, зависи од човековите одлуки. Хистеричниот прогон на теоретичарите на заговор за корона-кризата ги поттикнува сомнежите дека нешто се крие од јавноста, уривајќи го притоа авторитетот на државните институции и меѓународните организации, пред сѐ, на СЗО. Овој прогон има потенцијал да направи голема штета во борбата со пандемијата, но и да предизвика последици во јавното здравство и економијата, заклучува аналитичарот Стефанов. 

(Крај)