Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација, порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција.
– На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за европскиот пат. Парламентот е сега повикан да продолжи со следните чекори за имеплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните промени, пишува во изјавата на Могерини и Хан.
Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно напредување на патот кон ЕУ.
– На сите политички и институционални актери сега е да делуваат во рамките на нивната уставна одговорност надвор од партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и нејзините граѓани, порачаа Могерини и Хан.