Фото: ВМРО ДПМНЕ пресс
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека владините мерки нема да го заштитат здравјето на граѓаните туку  ќе придонесат за дополнителна поделба на македонските граѓани.
Ова го изјави во Прилеп лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за предложените здравствени мерки, а по оддавањето почит на загинатите на споменикот Карпалак.
Според него мерките се непримерна контрола која ќе придонесе за фрустрација меѓу граѓаните, иако лично тој бил за имунизација.
Ка.М.