Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет, а Зоран Заев упорно нè убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој вели дека бугарската страна кажала дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво, што, како што вели Мицкоски, во превод би значело дека Заев тргува.
– Та нели сè беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот – напиша Мицкоски на Фејсбук.