ВМРО-ДПМНЕ имаше принципелна позиција дека важно е овие избори да бидат фер и демократски, да не ни се случува како што беше за парламентарните избори да има инстутционален поткуп, закани и притисоци врз граѓаните од страна на властодршците на СДСМ, менување на изборни правила во пет до дванаесет во интерес на власта на сметка на опозицијата и тоа беше суштински важно за нас и ние на преговорите во март тоа го постигнавме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со измените на Изборниот законик.

Тој се осврна на моментот како власта ги менуваше ставовите во врска со отворените листи и со тоа дали да има цензус кога станува збор за независни листи.

– Имаше определени политички гимнастики од страна на власта и владеачките партии во делот на отворени листи. Помалите бараа, ВМРО-ДПМНЕ се сложи, па се предомислија, ВМРО-ДПМНЕ пак се сложи. Власта побара да се зголеми прагот на оние листи на кои им се потребни да истакнат кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ се согласи со цел да има за фер и демократски избори. Потоа помалите коалициски партнери ретерираа и ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање и ставот беше нека се договарт во владината коалиција и вчера го слушам Заев вика ретерираат од два проценти и се враќаат на еден, еве и тоа го прифаќаме. Еве прифаќаме и да нема проценти само нека има фер и демократски избори, да нема злоупотреби, закани, уцени – кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека од партијата не сакаат да гледаат институционннален поткуп и притисоци врз граѓаните како што веќе се случува во Шуто Оризари делење на пакети брендирани од Светска банка и минситерството за труд и социјална политика се делат пакети на социјално ранливи категории под изговор милост милост за граѓаните.

– Се срамам кога гледам дека во и во 21 век се злоупотребуваат човековите права и тоа што се случува е обид во една голема изборна измама и пљачка ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави. Сѐ што е во насока на фер и демократски избори ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати – вели Мицкоски.


ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи победничка коалиција на прогресивни партии која ќе го промени ова политичко мочуриште

Партијата Демократски сили на Ромите донесе одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори, во делот на безусловна поддршка на кандидатите за градоначалници кои што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи, изјави Мицкоски.

– Се радувам што одлуката е таква да партијата на господинот Шабан Салиу биде дел од коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ , дел од победничката коалиција за тоа што денеска е важно да сите оние прогресивни политички сили кои што се дел од македонската политичка сцена без разлика дали се тоа од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија. Да го промениме овој хибриден режим и навистина да владее правото, навистина да се бориме бескомпромисно со криминалот и корупцијата, за силна економија, за сериозни реформи во здравството, во образованието, да одиме напред бидејќи сите одат напред, само за жал Македонија предводена од овој хибриден режим на СДСМ и Зоран Заев стагнира и уназадува – порача Мицкоски.