Христијан Мицковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното обраќање пред медиумите истакна дека ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да прифати компромис кој го асимилира македонскиот народ.
– Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано ќе губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку. Не смееме да прифатиме да се самоизбришеме. –
Мицковски исто така предупреди дека доколку ако владата се обидува да преговара за решение кое што ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во кое што ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои што се бореа за независна македонска современа држава, ако во исто време преговара за решение со кое што ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако во исто време преговара за решение кое што подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам ќе им се случи народ истиот ден низ цела Македонија, истакна во своето обрќање пред медиумите.
Од СДСМ возвратија дека политиките на Зоран Заев ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.
– Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик. – стои во писменото соопштение на СДСМ