Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народот на улица, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешниот протест за осудените за упадот во Собранието.
Мицкоски во објавата упати честитки за сите оние кои присуствувале на протестот за уставобранителите, но и за оние кои, како што вели, со своите срца се за истите цели.
– Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност. Слобода за устовобранителите! – напиша во објавата на Фејсбук претседателот на опозициската партија.
Тој порачува дека е подготвен за борба за исправање на неправдите и одговорност, без оглед за кого се работи.
– Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја – изјави претходно Мицкоски.