Имаме ново парламентарно мнозинство, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија со високи претставници од ААА, Левица и Беса.
„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Нѐ чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Претходно денеска, министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа од Беса, рече дека тој нема да веќе да учестува во влада со ДУИ. Ова следуваше после одлуката на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино, а по приговори поднесени од ДУИ.