Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека изгласувањето на законот за јавно обвинителство било „сѐ, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата“, а носењето на законот било спротивно на процедурите, имало сомневања за контрадикторост со Уставот, а немало ниту бадентерово мнозинство.
Иако веќе ги потпиша указите, Мицкоски го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува указите, бидејќи во спротивно би бил соучесник во криминал. Мицкоски рече и дека Законот за ЈО ќе биде оспорен пред надлежните институции.
– Веднаш по 12-ти април ќе следи и одговорност, тоа ви го ветувам – вели Мицкоски.
Денешниот ден Мицкоски го опиша како ден во кој има „добра и лоша вест“.
– Лошата е дека беше донесен незаконски, противправен и криминален закон. Добрата вест е дека денеска завршува Зоран Заев и криминалната тригодишна епизода. Ова беа три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и на владата, затоа што тоа се првите кои прават криминал. Ова е време на рекет, муилионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, кеш и уцени. Криминалците направија сојуз со власта. Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги. Нема правда, нема ниту мир – рече Мицкоски додавајќи дека „обвновата доаѓа, а ВМРО-ДПМНЕ оди кон извесна голема заедничка победа.