Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки, оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј, каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјава.
Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со ковид-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен, така и на економски план.
– Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.
При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија. На крајот на средбата Мицкоски ѝ се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија – се вели во соопштението.