Здравјето на граѓаните ни е над се и затоа едногласно донесовме одлука дека одложувањето на предвремените избори треба да се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба.
– Дилема беше првата основа како да се реализра, она што беше став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите, имаше предлог да се свика Собранието, и според некои други поранешни искуства да донесе одлука, но не постои правна основа за повторно свикување на Собранието. Нашиот став е дека е потребно по лидерската средба да се формира експертски тим кој ќе понуди правна основа за одложување на предвремените избори – истакна Мицкоски.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го побара, рече Мицкоски, е различно, дали да имаме кризна состојба или вонредна состојба.
– Уставот предивдува вонредна, но не и кризна состојба, но вонредна состојба не е регулирана со закон и не се знае кои би биле чекорите. Од друга страна постои Закон за кризи, кога се формира кризен штаб. Можеби треба експертите кои подоцна ќе разговараат да донесат решение, може треба криза на целата територија да се прогласи, а после тоа вонредна состојба Остануваме на ставовите дека приоритет е здравјето на граѓаните, предупредувавме за сериозноста еве сега да предупредам за мониторирање на она што ни се случува во државата, да не се случува во 13.30 часот да каже дека нема нови случаи за после во 22 часот да се каже дека имаме пет нови случаи – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.