Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата во нова политичка криза. Тие потенцираат дека доколку дојде до вакво одложување, тогаш тие не се сигурни дека во иднина ќе соработуваат со Пендаровски. Лидерот Христијан Мицкоски тврди дека друга алтернатива, освен избори на 12 април нема да има.
– Пендаровски продолжува да се однесува како гласноговорник на СДСМ и Зоран Заев, се обидува да изнајде одредено алиби за катастрофата да не се случи во април туку во друг период. Од друга страна, му остава простор на СДСМ за маневри, односно за тие со збунувачки изјави поврзани со Законот за јазици, да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори – рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски е свесен за последиците ако договрените избори на 12-април не се одржат.
– Доколку Пендаровски не е сигурен за тоа што е договорено во негова организација, а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата навистина ќе ги преразгледа односите кои ги има со Пендаровски и во такви околности, ние сме сигурни дека соработката на Коалицијата за подобра Македонија и претседателот ќе функционира како до сега. Јас сум убеден дека тие се свесни за последниците ако го напуштат договореното, свесни се за политичката криза во која ќе ја втурнат Македонија – додаде Мицкоски.
Реакцијата на опозицијата следува откако Пендаровски во изјава кажа дека не е убеден дека изборите ќе се одржат на 12 април, бидејќи тоа не зависело од него.