Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки и политиканство. Помошта е потребна веднаш, без одлагање вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Според него пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на којашто заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите.
– Позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата. Апелираме уште еднаш, да престанат политичките игри, пазарењата и тактизирањата врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството – рече Мицевски.
„Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта“,додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.