Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на бугарско малцинство во Северна Македонија, објави познатиот бугарски политиколог Огнен Минчев на Фејсбук, а пренесе МИА, додавајќи дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.
– Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки – истакна Минчев.
Вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија, Светлан Стоев, во петокот изјави дека Министерството за надворешни работи би сакало Бугарите во Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.