Владата денеска со почеток во 12 часот во Свечената сала ќе ја одржи седмата седница.
На седницата, министрите ќе потпишат кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, а свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.