Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи во Штип и Одделението за внатрешни работи во Кочани. Во фокусот на двете работни средби со раководството беа темите поврзани справувањето со пандемијата од ковид-19, активностите за обезбедување и организација на парламентарните избори и тековните активности поврзани со борбата против сите форми на криминал.
На работните состаноци министерот Чулев потенцираше дека на централно ниво Министерството за внатрешни работи преку Републичкиот оперативниот штаб формиран за таа намена ги презема сите неопходни мерки за обезбедување на фер и демократски избори, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните. Секторите за внатрешни работи, пак преку одделенијата за внатрешни работи треба тие активности да ги операционализираат до секое избирачко место на територијата на целата држава.
Од страна на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани беше нагласено дека веќе се изработени плановите за постапување на полициските службеници на денот на изборите, детектирани се критичните места и се преземаат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира мирна изборна кампања, но и деновите наменети за остварување на гласачкото право ќе поминат во мирна атмосфера. Министерот Чулев нагласи дека кога станува збор за кривичните дела поврзани со изборите, постапувањето на полициските службеници треба да биде неселективно, затоа што таквото постапување ќе гарантира дека изборите се демократски и ќе биде причина граѓаните храбро, одлучно и масовно да излезат на гласање. Бескомпромисната борба против сите форми на криминал поврзан со изборите ќе прати јасна порака дека сите имаме иста и заедничка цел – фер и демократски избори кои ќе ја потврдат легитимноста на идната влада.
Тој во рамките на овие состаноци потенцираше дека во следните период пред Министерството за внатрешни работи е исправено сериозни предизвици и реформи со кои треба да се потврди патот на државата кон Европската Унија. Еден од тие услови е модерна, професионална, реформирана и опремена полицијата која ќе постапува неселективно во спроведување на законите и ќе може рамо до рамо да се носи со европските полиции. Таква полиција заслужува нашата држава и сите граѓани, заклучи Чулев.