Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски официјално ја презема функцијата Министер. Тој се сретна со поранешниот министер Горан Сугарески на кој му се заблагодари на успешно сработената работа во министерството.
На средбата разговараа за реализацијата и обемот на капиталните проекти што се работат во Министерството за транспорт и врски како и за идните проекти што ќе се реализираат во инфраструктурата.
– Драго ми е што сум министер во едно од најзначајните министерства во државата кое е двигател на инфраструктурните и економски промени. Ова е огромна чест но и огромен предизвик за мене. Оваа Влада вложува историски најмногу средства во инфраструктурани проекти така и ќе продолжиме. Создаваме модерна инфраструктура, обезбедуваме подобри услови за граѓаните и ја развиваме економијата, ваквиот континуитет ќе го продолжам обврзувајќи се пред граѓаните дека транспарентно и отчетно ќе работиме за да обезбедиме просперитет за сите – изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.
Министерот Бочварски работниот ден ќе го продолжи со средби со стопанските комори во земјава.