Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците. Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта – напиша пратеникот Антонијо Милошоски на Фејсбук, откако скопското обвинителство денеска информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, во кој еден од обвинетите е и Милошоски.
Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците. Секој опонент на политиката на…
Posted by Antonio Milososki on Понеделник, 24 август 2020
– Но, сѐ ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев – напиша Милошоски.