Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска нагласи дека во врска со аферата со набавката на кинеските вакцини, наговата партија поднела интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека за истата поддршка даваат и другите опозициски партии.
Тој изрази и надеж дека интерпелацијата брзо ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.
– Интерпелацијата од министерот за здравство ја побаравме во Собранието, поддршка за интерпелацијата даваат и другите опозициони партии и се надевам дека г-динот Џафери ќе ја стави интерпелацијата што поскоро на дневен ред, затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот на за жал починати граѓани, бројот на невработени кои што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом фирма од Хонгконг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба – посочи Милошоски.