Македонски концепт во текот на вчерашниот ден поднесе тужба до Управниот суд против решението на Државната изборна комисија да не дозволи увид и пребројување на гласачките ливчиња.
Со тужбата, Македонски концепт бара да се поништи решението и да ѝ дозволи на партијата да изврши увид на вкупниот број гласови дадени на предвремените парламентарни избори и евидентирање на гласовите дадени за Македонски концепт.
Од таму истакнуваат дека овие предвремени парламентарни избори се сè само не фер и транспарентни.
– Ние од Македонски концепт не ги прифаќаме изборните резултати и сметаме дека се неверодостојни и нелегитимни. Ова што го видовме како изборно сценарио на 15 јули е груб фалсификат и рушење на сите демократски принципи врз кои треба да се темели една слободна, фер и демократска држава. Македонски концепт за ова ја информира целата домашна и меѓународна јавност – вели Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.